- Раде, Раде! Дај еднаш научи се на ред. Тие калливи чизми не ми ги оставај пред прагот. Се искичмив од чистење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)