од (предл.) - ѓавол (имн.)

Но сакав уште да знам: што видел Филозофот, кога застанал на местото од ѓаволот во таа одаја?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И само еден чекор оддалечи се од ѓаволот и записот таен станува невидлив; и врати се пак кај него, и пак ќе го видиш!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да сакал отец Мида да каже дека човек треба да застане на местото од ѓаволот, во ѓавол да се престори за да го разбере словото; тоа е цената на читањето на скриените значења!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А Марко го изгледа и се замисли: „Повеќе ќе е црн абер од ѓаволот, не од Алах”, рече.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
О, секако, заборавив дека осамена жена е полоша од ѓавол.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не знам што ја предизвикува така тврдоглаво безобразно да бега од мене, како од ѓаволот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чувствував некој страв од ѓаволи, од вампири, од мечки, тие беа и во моите соништа, исти како во приказните што постарите ми ги раскажуваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Години-гадинки минаа куќата откако ми ја зазедовте тихум, но корка леб ко на срце се најадовте, се напоивте од лазење пожолтевте карактерот си го изостривте ни од крстот уплашени ни од ѓаволот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)