На „Галата Ќупри“ најмногу се чувствува шумот на зазбивтаниот живот на овој град, шумот создаден од безбројните автомобили кои се точат како бескрајна река, шумот од заглушувачките сирени на товарните и патничките бродови, чии пристаништа се сместени под самиот мост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
2 Офкањето на Круме Арсов повремено се губеше но не престануваше.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бездруго треварите Никола Влашки и Пандил Димулев му ја натопиле сета облека од безбојни крпи со густ шарлаган од сончоглед, од кикирики и од афионово семе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)