Душата ѝ стануваше посува од пустината. Смртта на чедото ја будеше од морничавиот сон.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зелените соништа пуштаа во моите очи студени боцки, на грбникот ми раснеа змучки од мраз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Медонската шума, каде што се наоѓа опсерваторијата, е вистинско место за одмор, зашто е далеку од морничавата бучавост на неколкуте милиони автомобили кои го потресуваат Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пред да се одделам од сите нив, од морничавото офкање на Круме Арсов и од баботењето на моето месо, знаев дека Онисифор Мечкојад не се одмаздува со палење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)