од (предл.) - нормален (прид.)

Живееја понастрана, безбедни од нормалните луѓе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Џон забележуваше и искажуваше едно верување што е распространето и трајно меѓу геј- мажите од постоунволската ера, верување што и самиот го имав порано, верување за кое нè учеа дека треба да го сметаме за политички неопходно, како и за политички напредно – односно, дека хомосексуалноста е сексуална ориентација, а не стил на живеење и култура; дека е начисто хомофобично геј- мажите да се претставуваат како носители на некои посебни типични или стереотипни одлики; дека сите геј- мажи се поединци; дека за нас не може да се генерализира како за група; дека воопшто не се разликуваме од нормалните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Него сега го дефинирала неговата сексуална желба – го направила сосема геј – но и го оставила во секоја друга смисла сосема нераспознатлив од нормалните мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Масичето, можеби пониско од нормалното и подизлупено, изгледаше тукуречи кокетно со малата ткаена крпа под ибричето со цвеќе, со Библијата, мојата машина за пишување и кошничката со испишани изводи од десната страна и рамчето со слика од Стефана, на левата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)