Цело царство од одбрани суштества, фиксирани за сите времиња како сведоштво за нивното величествено постоење, во времињата што се вестеа, полни со неизвесност за луѓето и Езерото, за неговите познати и непознати жители.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
За разлика од татка, којшто за реалниот живот повеќе учеше од одбраните книги, Чанга го откриваше тој живот низ судирите со него.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)