од (предл.) - сѐ (прил.)

Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Џвакаше од сѐ уште меките и млечни јадра на оревот и на страните од устата му се фаќаше бело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакам да ти се заблагодарам од сѐ срце за таа жртва, пријателу”.  „Јас имам мотив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Но, тој нема дури ни таков мотив“.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас немам женско, и затоа ми е полесно”, ѝ рече мајка ми на Рашела, која со светнати очи, ја слушаше како ѝ ја соопштува намерата да ѝ даде мираз за свадбата, смеејќи се од сѐ срце, заедно со нас на коментарот на мајка ми, секогаш кога Евридика ќе додаваше нова сума на чеизот на Рашела:
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е во „ВЕЧНАТА БЕСКОНЕЧНАТА“ и во прашањето што си го поставува „дишењето низ окарината“, „лулеењето на тишината“ „разговара со планината“ и погоре од сѐ и над сѐ е Тој Кој, таа вечна загатка на виорот „погоре од Манастирот?“ погоре од земјите совршенства.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Од погледот, од движењата, од обноските - од сѐ на него се гледа: токму човек, баш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но најмногу од сѐ беше смешен, а, се чинеше и штрекнат малку во мозокот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но од сѐ што загуби, најблиската рода, куќата со бавча крај Езерото, по силните удари на судбината откако ја минавме границата, тврдеше дека најмногу добивала неговата душа, станувала појака.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најмногу од сѐ, се надевам дека книгава ќе послужи за да се оправда вредноста и сериозноста на мојот предмет „Како да бидеш геј“ пред сите што биле скептични, збунети, навредени или згрозени од него, што му се противеа или што поради него го критикуваа Универзитетот на Мичиген.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од сѐ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Играта требаше да го исцели Рајнер, но тој остануваше подалеку од другите деца, подалеку од сѐ на овој свет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттаму оние од рекичката го изразувала револтот од сѐ победната супсидија на државата за кино дејноста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И навистина, гепекот ми беше полн со слатки бонбончиња кога си тргнав накај Скопје, ама од сѐ најдобри беа двете тегли со мешавина за енергетско подигање на телото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Судеше, кога беше вон од сѐ и над сѐ, некому што личеше на него и што доживуваше или доживеал малку порано нешто што требаше тој да го доживее. Внимаваше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Замислете серија од сѐ на сѐ дваесеттина вежби за длабоко дишење, како кога вежбате јога, претпоставувам, кулминација која ќе биде комплетно збогување со сиот бол, со сите стравови, неврози, желби, и сензација што сѐ повеќе те обзема и која носи чувство на севкупност и сигурност. Вдишувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
19.50 Замислете нешто што го трга сиот ваш страв и прави да нема никаков стрес. Издишувам. Замислете дека исчезнува и најмалата непријатност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сега не можам да го исконтролирам ни стравот од сѐ што се случува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Судеше, кога беше вон од сѐ над сѐ, некому што личеше на него и што докажуваше или доживеал малку порано нешто што доживуваше или доживеал малку порано нешто што требаше тој да го доживее.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најтешко од сѐ ѝ беше да ги остави своите. И без тоа се толку беспомошни.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Исто така не го праша дали ќе го бара и детето... Иако, ја интересираше најмногу од сѐ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И подбрадок веќе добила, не забележа? - Навистина не втасав да забележам - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, што е поважно од сѐ, таа побрзо старее од мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Божји чеда изместени од престолот, со заедничка среќа и со заедничка несреќа, каква што господ им наменил на сите свои чеда на земјава, без тие да си стават во акалот не дека ако едниот е несреќен другиот ќе е среќен, туку дека божјата рака тешко ги разделува нештата, зашто грстот ѝ е широк, па фрла наеднаш од сѐ добро и од сѐ лошо, на сите страни. (Бела пауза)
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаев дека од сѐ најмногу тоа ќе ми недостасува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)