околу (предл.) - глава (имн.)

Се разотиде народот од кај гробот на Сане Сандин, уверен на гласот ангелски, зашто божји знаменија кај него беше видел: сакаш сребрени облаци околу главата, сакаш златна роса врз неговите чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што се собрале овие... како на мечка?... Ќе умрам од срам...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПЕТРИЈА: (Му ја врзува крпата околу глава.) Така. Сега ќе ти помине, куме.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Околу главата му се врти облаче пареа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите сливи ни се истркалале околу главите кај што сме паднале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште облачиња да му застанат околу главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Околу главите пак ни се враќаат венчињата од пеперутки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој трга, јас тргам. Околу главата ни вртат венчиња од пеперутки, а јас само зборувам, не му давам време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
РАЈНА: Се роди со ципа околу главата. Пребргу ги отвори очите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Како ти е сега, синко, го прашувам. - Кај одиме сега, кај ќе одиме сега, вели и топла вода му застанува околу главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го издушува низ уста, низ нос, а може и низ уши. Оти сѐ се зачадува околу главата негова. Пусти Дуко Вендија!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)