Токму тука, на ова место, додека е зафатена со себе и со внучињата а и со Костадина кому му е наменет полниот чипчак со чај, до Добра се прибира нејзиниот маж, ги крева неколкуте бовчи а нејзе ѝ дава ишарет да го проследува по дирата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сега беше многу потешко да се чекори, при секое пречекорување пропаѓаше до половината во тој мек снег, беше заздишан само по првите стотина чекори, но тоа беа правилата на таа игра и она, што можеше досега да оди по дирата, беше само една олеснителна околност за него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Замина понатаму, по дирата, што беше сѐ уште испомолзена со оредчените капки крв, а за сето време мислеше уште на неколкуте легала, што ги знаеше од оваа страна на сртот, кон кои сега го водеше онај негов самјак напред, и реши дека ќе може да се врати дури откако ќе ги помине нив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во тие дни и ноќи, песовите со кренати муцки виеја и завиваа страотно, или `ржеа и копаа со шепите по земјата како по дира на едра лисица, како по реата на стара волчица.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)