Ми рече: овде ќе бидеш вечна, постојано жива. И по сто, и по илјада години.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така направи. Четири бимбашии со по илјада души војници остави да зимуваат по селата во Мариово.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нека пцовисаат до еден зимоска од студ и глад — им зборуваше Бахтијар на бимбашиите кога ги испраќаше на зимување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како дозволи, чумо една, да те стрижат како овца, писна и ја поткаса устата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Се сетив на Сартровиот ламент изречен во неговиот исповеден роман Зборови, кога како во тестамент, по илјадите испишани страници, искрено ќе сведочи оти доцна разбрал дека всушност перото не му било меч.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А додека да се случи тоа, можеби по илјада години, тие ќе продолжат да живеат, наспроти сѐ, како птици, пренесувајќи ја од тело на тело виталноста што Партијата ја нема и не може да ја убие.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)