по (предл.) - половина (имн.)

Неочекувано туку ќе извадеше од пазувите да ни даде по половина рогушка, по малку суво грозје, по едно шеќерче, или ќе излупеше портокал и ќе ни дадеше по две фелчиња.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но, и таа била гладна. За да не оштети некое од децата, одлучила од секое дете да земе по половина јајце: од деветина по половина“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
По половина час тој го водеше коњот за улар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога по половина час се врати, на лицето му лебдеше загадочна насмевка: „16 златници! – и брзо додаде, неможејќи да го скрие восхитот: „Колку е убава ќерката на бакалџијата!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)