по (предл.) - прашање (имн.)

Последниве беа и се сите тенденциозни по прашањето за народноста на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
73. Владата просто сака да нѐ избави нас од празни надежи. Ако е сето тоа така, тогаш со што може да се објасни политиката на Русија по прашањето за Фирмилијана? – ќе се запрашаат некои. – Јасно е оти таа е србофилска. – Да видиме дали е толку јасно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи мое гледиште, нашето друштво по прашањето за нашата народност не прави никаква нетактичност и само им укажа извесна услуга на духовните интереси на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По прашањето за народноста на Македонците Србите пред Македонците се придржуваа кон втората од споменатите две теории, т.е. дека Македонците се Срби, и токму затоа кај нив се добија спротивни резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Фактот дека едни гинат како Хрвати, други како Срби, а трети како Муслимани, по прашањето на смртта, се чини, не е многу битен.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога дојде? Како помина? - следуваше прашање по прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ама добро, побогу брате, до кога јас ќе се произнесувам по прашањето на тоа питање? Па, јас за таа работа не знаев до 1955!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Мерџанов да се заземе пред Егзархијата за да се назначат учители по македонски градови така како што предлага ЦК, се јавил сериозен спор што бил од принципиелен карактер по прашањето за односите меѓу атентаторите и ЦК на МРО.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кадежот на носталгијата потсетува дека по прашањата на религијата би требало да има неколку изненадувања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)