Змејко сега со другата рака посегна и да го погали по главчето и по ушите, сеќавајќи како му се ежави под прстите тоа малечко парче живот, што не знаеше за ниеден друг таков допир по своето телце, освен допирот на јазикот од мајка му, некоја итра, брзонога срна, но јаренцето ни сега не се обидуваше да избега од него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За тоа, мажот со името на великиот диктатор си добил по ушите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„А Грциве?“. „Нека се насладуваат“, го дразнеше по увото нејзиниот влажен здив.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
23. ПО УШИТЕ, НЕ ПО ОЧИТЕ, ИЗБЕРИ СИ БРАЧЕН ДРУГАР - првин ислушај што и како зборува тој, слушај, па испотрчи околу него илјада и триста круга да можеш да ја заобрачиш недосегливата му душа...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)