по (предл.) - гол (прид.)

Потоа заповеда првин Амди ага, потоа Лазор Перуноски, потоа Ордан Бришкоски, секој од своја страна да му удри на Симиќа по гол газ рамно по петнајсет стапови, а потоа да го исфрлат што подалеку од синорот на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѝ ја засука кошулата и ѝ наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на очиглед на цело село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дваесет и пет на Милка по голо месо! — му нареди Толе на Брниклијата кого го одреди да ги извршува неговите пресуди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За мене тоа беше тешко и затоа одлагав. Мојата колебливост се потстакнуваше и од тоа што сепак имаше денови кога не чувствував скоро никаква потреба од чевли: оние убави мартовски денови, јасно сончеви, кога децата првпат се собуваат боси и трчајќи го сеќаваат слаткиот скокот од влажникавата пролетна земја по голите табани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И уште се потсети Фимка на жената, која пред неа го тераше коњот со ранетиот командант, на кој му велеше: - Има мајка, синко - велеше жената и во нејзините зборови истовремено со тивкото тропање на коњските копита одзвучуваше и шушкањето на опинците по планинската правлива патека што змиулесто се спушта прудолу по голата удолнина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе им речам на моите кои шетаат надвор, среде бел ден на сретсело да ти удрат едно дваесетина стапови по голи плеќи и гол гас, тогаш ќе научиш и цел живот ќе памтиш и на другите ќе им кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој занес соединуваше и по плажите, маслиновите и смоквините грмушки, по лозјата, во лотките, дури и по голиот крш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старецот ја лееше својата мака. Неговиот темен глас тромаво пливаше по голата соба и оставаше зад себе празнина и недореченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како по гол мев заскокоткани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Гледај, велам и се пофаќам по голото од главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се нафрла по голите меса и нѐ скокотка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чешам по голото и одам да ја барам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чана го погалува по голата глава и му вели А сега пу патичката право дома! Ни лево ни десно, разбра?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во крчмата се пластеше млака, нејасна тага, ползеше по голите маси, ги начнувше луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)