под (предл.) - огледало (имн.)

Под огледалото стои масичка, а врз неа - леѓен со вода. Поарно ќе е да се наплиска и освежи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крајно притеснет, покажува дискретно со главата на масата под огледалата. - Кого?... Се лути примашот. - Ајде, не измотавај се...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Молам, молам“, им кима со главата примашот на гостите под огледалата и љубезно им се поклонува...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)