За да постои барем малку вистина во ова што го застапуваш потребни е да се сомневаш во пријателите и пријателките, во познатите и непознатите, во државните служби, во твоите комшии – Иследникот се подаде преку бирото кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дали им веруваш на обвиненијата што ги изнесуваш и како воопшто се движиш под товарот на толкуте сомненија?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Прави свој календар од писоци. Писнува, смета полугласно некогашниот прв рабин, на 15-ти март, па на 17-ти, 19-ти, 23-ти, 27-ми; потем се априлските згуснати писоци: од 3-ти, 5-ти, 7-ми, 10-ти, 13-ти, 16-ти, 20-ти, 22-ри, 28-ми април.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Ох, ајде братко! Ми отпадна рамово!... - го подгони оддолу друг работник, свиткан до самите скали, под товарот на тулите, поредени врз дрвеното самарче.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Рацете ми останаа на маса и бев неподвижен, туѓи, безживотни, како стиснати под товарот на моите мисли.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
За седум динари надница, се превиваше под товарот на тулите наредени врз дрвеното “самарче“ и ги достасуваше скелињата не еднаш, не два, не десет, а којзнае колку пати преку ден...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)