под (предл.) - управа (имн.)

Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, лицето на отец Стефан, и покрај тоа што и јас пристапив под управа на гревот, не беше задоволно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А дека сегашниве жители на Потквицата не се потомци на становниците на некогашната древна населба Градиште, освен нив самите, зборува уште и нивната психофизичка конституција; високи се, русокоси, недоверливи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Единаесет души, единаесет кораби на немирното море на гревот и самољубието, кораби без кормилар што бесцелно пловат, под управата на гревот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)