под (предл.) - твој (прид.)

Посакувам да застанам под твојот прозорец, за да ја слушнам мелодијата на твојата душа, но секогаш кај тебе, таа граница меѓу разумот и срцето.. таму почнува и завршува сѐ... а толку ми е потребно да бидам, по малку луда и насмеана, по малку разиграна и заљубена... по малку дива и полна со живот... потреба да се изживее мигот со тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Камењата, море Трајко, под твојот чекан и глето ќе добијат сјај и облик - куќа што ќе се вика, а во неа живот, љубов... радоста ќе се вглезди, дечки ќе се растрчаат... ех!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако ми кажеш каква било лага, или ако се обидеш да се извлечеш на каков било начин, или дури ако паднеш под твојот вообичаен степен на интелигенција, во истиот момент ќе викаш од болка. Разбра ли?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да ѕидаш куќи и да чувствуваш како се креваат под твоите раце високо, високо и не се плашат ни од ветер, ни од дожд.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Под твоите нежни раце, раченца на ужасот?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште малку, само малку простор и се ќе се реши. Потоа иднината ќе цвета под твоите нозе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
СИМКА: (Прва се тргнува). Пушти ме... Пушти ме...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Милувам секој ден под твојов прозорец да поминам и секој пат со уста слатко да ми се насмееш и со очи мило да ме погледаш!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е стадо кози, кога слегуваат од Галафската гора; забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња и јалова нема ниедна; усните твои – како алова панделка, а устата твоја слаткоречива, со јаготки на лицето како половинки од калинка; вратот ти е како кулата Давидова, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци; градите ти се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови; Таа: дојди мил мој, да излеземе во полето, да преноќеваме по селата; утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ќе те опсипам со милувања; Тој: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под твојот кревет дреме пеколот. Експлозивите ќе ги збришат долните страсти и оргиите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Другите две можеле и да останат свиткани под твојата дебела кожинка и тука задржани, без да бидат во состојба ни да те раскрвават, едното од нив можело и да се слизне по твојата четина и воопшто да не те повреди, но ова, што те тера да крвавиш вака, не ќе е на некое многу згодно место, тоа може уште оддалеку да се види, му зборуваше на својот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Злото не е алка, тоа е низа од алки, запрега на судбината; те зауздува и ќе те влече до оној ден, до мигот во кој под твоите клепки ќе свенат синоличките како во очите на коњот од недетското детство.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)