покрај (предл.) - сѐ (зам.)

Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Војниците, и покрај сѐ, го послушаа Силјана Лилјаков.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, и покрај сѐ, од службениците на легациите се очекувало да ги спречат „непријатните инциденти кои можат да ги вознемират САД“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ме омаја убавината... Не зуцнав и покрај сѐ...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
По навика продолжуваш да се преправаш  да глумиш жизнерадосност  да бегаш од себеси  „да не се досетат Власите“ си велиш, и тука се лажеш: никој не побегнал од себеси - жив.  Очајот, и покрај сѐ паѓа, како ноќ полека, но сигурно. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Завист, Сатурне Се впикуваш во сѐ, насекаде и во живо, и во мртво јадливо, отровно на сон ми доаѓаш каде не, кога не и покрај сѐ – молам да те видам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Место на зборот да се потпре себе си со себе да се одземе во мене да се запостави, на молк да се осуди од спрегата да се откаже и покрај сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Телото е нешто друго. Меморија. Можеби се двоуми, но и покрај сѐ го вади клучот. Го склопува окцето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Судбината на централниот (или: единствениот развиен) лик во романот – ликот на Ервехе, фокусот низ кој се прекршуваат и ломат дофатните и недофатните зраци и котелци на приказната, се разгрнува низ континуирани и системни настојби на Мајката, означена како браник на семејството, да се опстои покрај сѐ, покрај силните и жестоки удари на суровата стварност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имено притисоците не стивнаа и натаму продолжуваа со несмален интензитет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И покрај сѐ Марковски – кој зад себе веќе имаше добиено еден судски спор против истиот свој работодавач и поради тоа беше земен „на пик“ – упорно продолжи да оди на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)