помеѓу (предл.) - народ (имн.)

Зошто Балканот го нарекувале буре барут? Зар постоеле посебни причини за тоа?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
145. Во случајов Мисирков неправилно ги идентификува народите со феудалните владетели, зашто тие договори не се правени помеѓу народите, коишто никој и никогаш за ништо не ги прашувал, туку помеѓу суверените од разните држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Балканот започнал да се шири низ целиот свет, да ги проширува насекаде границите, да ги распалува старите страсти на омраза и нетрпеливост помеѓу народите различни по вера, етничка припадност, идеологија? дополни Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тоа време, на студена војна, кога среде Европа беше спуштена железната завеса, кога таа се наложуваше како неминлива граница помеѓу народите, Цветан Горски, знаеше дека во земјата имаше умови кои се противеа на новата поделба на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)