А пред Божик прасето не се рани, ами сака ошче од Гурѓевден, та за Божиќ да направи месо. И јас така.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред Божик, зад Божик црвеното било среќа и затоа момите се возеле со црвени колички низ градот со полни усти црвени дренки од фрижидерите за длабоко замрзнување.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во писмото Атанас испрати две фотографии, во боја, едната им ја испраќаше на домашните а за другата, нив, домашните, ги молеше да му ја испратат на татка му Ѓорета во затворот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А тоа, времето, истата таа година, пред Божик, донесе писмо од Атанаса - од Австралија, од Перт.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Мајко, замислено ја погледнал, позамислено отколку пред тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Секогаш пред Божик остануваме без брашно. Секогаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На крајот, сите итаат да си ги покријат ќелавиците со хох- цилиндри и да стасаат да плукнат од мостот пред да замрзне убавата сина река.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Пред Божик и зад Божик кај и да си, оди на вечера со русокоса придружничка за која однапред се знае дека е ненаситна тигрица со тесна специјалност – черечење на сладникавите занеси.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)