пред (предл.) - половина (прил.)

- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
СИВИЌ: Доцни уште половина час. ХЕРЦОГ: Па пред половина саат доцнеше уште половина час.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И прашањето (условно) и одговорот (можен?), поврзани се со овие стихови, со овој циклус песни посветени на Кочо Рацин, со овој Реквием за него, започнат пред половина столетие но присутен во мислата и чувствувањето сиве изминати години, погледнуван само на мигови, со стрептеж, сѐ до овие зимски денови кога повторно осамна меѓу ракописите на мојата работна маса.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)