преку (предл.) - црн (прид.)

НИКОГАШ НЕ СМЕЕВМЕ ДА СЕ ОПУШТИМЕ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нејзината светлост се провлече низ решетките на прозорецот, падна преку црната маса и простирајќи се по подот, се обиде да се прпне преку вратата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога бевме во Манастирци, нашата прва чета, нѐ однесоа преку Црна Река со кајче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)