Како што Змијата ѝ дозволува на темната грабливка да ги забие канџите во нејзиното виулесто тело, оплодувајќи ја со сината крв жедната почва, како што Загреј, парчосан од синовите на Уран, повторно се раѓа, уште помамлив и постраствен во светлината на мудроста, така и тие, загадочните рицери, непомирливи бунтовници против Законот што потценувачки го дели боженското од земното, минувајќи низ она што го нарекуваме стварност, се претопува во треперливата прегратка на духот, засекогаш млади, неранливи во своето жртвување...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Една реченица, прочитана развлечено и со издолжени паузи меѓу зборовите, го истакнуваше интересниот факт дека луѓето што станале против законот се млади луѓе, скоро деца.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)