Врз база на оваа реконструкција 9 јавниот обвинител од ОЈО Скопје (Ж. Крстевска Јосифовска), кој првично неосновано се прогласи за ненадлежен, сега беше должен да покрене кривична постапка пред Основниот суд Скопје I – што и го стори во април 2010, со Обвинителниот акт Ко.бр. 3832/08.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако поради делото настапи смрт на едно или повеќе лица – сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години (чл. 292, ст.1-2 од КЗ – „Тешки дела против општата сигурност“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако поради делото настапи тешка телесна повреда на некое лице или поголема имотна штета – сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа постапка, во февруари 2011, заврши со осудителна Пресуда XIX K.бр. 1652/10 против сопственикот и управител на градежната компанија (градежен инженер Т. Орцев), со која тој беше прогласен за виновен за сторено квалифицирано кривично дело тешки дела против општата сигурност10 затоа што свесно не ги испочитувал одредбите од тогаш важечкиот Закон за заштита при работа (1998 – денес вон сила, бидејќи е заменет со ЗБЗР/2007).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
10. Во главата која носи наслов Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот, постои казнена одредба со наслов „Предизвикување опасност при градежни работи“ која гласи: Одоворно лице кое при проектирање, раководење или изведување на некаква градба или градежни работи ќе постапи спротивно на прописите или на општопризнатите технички правила и со тоа предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери – ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)