со (предл.) - бегање (имн.)

Да се спасуваат со бегање, да ја напуштат куќата пред да биде премногу доцна - таква мисла не им падна ни на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Аха! — се издиши Толе и се замисли. „Значи, близу ти е крајот и тебе, Толе!“ — си проговори за себе, но никако не можеше да помисли за некое спасување со бегање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште кога таа го виде оти иде, со трчанка се окри во тремот, оттаму преку куќа, низ мала врата, та дури дома со бегање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За себе си мислеше дека тоа го прави со бегањето, со тоа што знаел отсекогаш да се затвори во себе, да ги затвори сите врати, пред нешто, што не сакаше ни да го види, ни да го признае дека постои.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)