Америка полека се вселуваше во мене, понекогаш го прифаќав нејзиното состанарство со благодарност, понекогаш налутено ја исфрлав надвор. Оваа книга е за сето тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сѐ што им помагаше да заборават и да избегаат, макар и за миг само, од тешката и сурова стварност на аргатскиот живот, тие го примаа со благодарност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Болката беше веќе полузаборавена. Тој ги отвори очите и со благодарност погледна во О'Брајан.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со нежност и со благодарност се сеќавам на сите свои учители, на нивните ликови, на нивните гласови, на нивниот од, смев, лутина, на нивните имиња и презимиња.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кучето со благодарност ја зеде храната и се тргна настрана.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)