со (предл.) - блесок (имн.)

Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Онисифор Проказник праша: „Ти си домаќин на куќава?“ а човекот со блесок на заби во брадата рече дека е така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ја слуша, ама не реагира, не одговара, во неговото видно поле се цицките на Родна Караколева потпрени на нејзините колена исто така малку разголени и подотворени со блесокот на листовите од бутовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мангалот среде соба, иако изгаснат, му го осветлуваше лицето со блесокот на своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Го најдов и го доведов. Ќе го нахраниме и ќе го облечеме. Ќе се моли за нашите души.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скришум, со блесок во очите, додека родителите весело дрдореа со старецот, гледаше како мравките застануваат, затреперуваат, и се спружаат неподвижно на цементот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)