со (предл.) - велосипед (имн.)

Погледот на доктор Батибиус врз неа е всушност нашиот поглед низ отворите во Дишановото дело, а водопадот можно е да укажува на протечната вода во ровот од Маркеловата куќа или дури и на возот во трката со велосипедите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Првиот помошен (assisted) редимејд, тркалото од велосипед - кое, сметам, има врска со велосипедите во Мажјачиштето, и со Жариевата страст кон велосипедизмот - беше изведен следната година, 1913.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сонував да стартувам во некоја трка, но трки со велосипеди во тоа време немаше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навлеговме во еден дел во кој ниедна од нас дотогаш не била.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се натпреварувавме со велосипедите, се навикнувавме, баш уживање!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ја забележа мојата дилема и божем ми дотура кока-кола, се приближи до мене и ми намигна соучеснички.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Итра сум јас, знам како треба во такви ситуации, но кога дојдов до моментот со велосипедите, малку подзастанав, сѐ уште нерешителна дали да пријавам дека кога сме се враќале од насипот сме виделе дека ни ги нема, или...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Постарите, од десет па натаму, ги оставаа со презир, одеа да се возат со велосипеди или играа криенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)