со (предл.) - затвореник (имн.)

Патрокле брзаше, се измеша со затворениците и поднаведнат, како видра, се извлечка од каушот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога рускиот и австро-унгарскиот конзул во Скопје го посетиле затворот, констатирале дека тој бил пренатрупан со затвореници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа се здружените полициски сили од двата града, на кои им здодеало да се тормозат со затвореници што не ги ферма ни судот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зората уште не пукнала кога дворот на зградата започнал да се полни со затвореници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)