А и дете водиш. Ја лажеме Горица со купување и кај поводи ја, кај поноси ја в раце или ушка, и одиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
3. Во поглед на имотот на синдикатите, тие можат да прибираат уписнина и членарина како и со купување, подарок или на друг законски начин да стекнуваат имот – без какво било претходно одобрение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)