Минуваше со часови крај својата гробница, суверено бараше да се менуваат нејзините димензии, борејќи се со напливите на суеверие дека готовата гробница го доближува до смртта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше нешто слично како во оној цитат што го бев запишала од една книга: соочена бев со наплив на нешто од што, во мојов случај, сепак, сеќавав, дека морам да се одбранам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
За првпат соочен со наплив на нешто што управува со него, чувствуваше како од него постепено се празни надежта за сѐ она што не беше тоа очекување“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)