Овие тоа сами го правеа, само одеа во полето, сами окосуваа малку `рж, а јажици сѐ уште немаа, требаше допрва да се направат, од штотуку окосената `рж, сноповите ги врзуваа со ортоми и на набодни ги пренесуваа во дворовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еден од традиционални начини на самоубиство е и бесењето со ортома, кое е повеќе карактеристично во селата и оние кои живеат во куќа, не за друго туку од технички причини.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Наближувам така и гледам дека и луѓето биле врзани со ортома.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но Арслан му го предаде и него на Рушидчауш и овој го затера кај поп Димитрија и другите одделени селани, кои веќе беа изврзани со ортоми, та и Главчета го спетлаа заптиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Иван ги извлекува торбичињата со ортома и ги испразнува во сандакот. Потоа го покрива со хартија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во еден момент Симон побара да се запре тракторот и со ортомата зеде да го врзува здраво ковчегот, зашто почна да се спушта назад.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се заврте лево и десно, го погледна вџашениот и нем народ и очите уште толку му закрвавеа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)