со (предл.) - патерица (имн.)

Куќата личеше на осакатен човек испотпиран со патерици: телото му е скапано, а сѐ уште дише...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И чиниш нешто заборави, се врати и удирајќи со патерицата на асфалтот, налутено нѐ посоветува на скршен грчки јазик: - Едо ине Елада... Авто то глоса на ми то милате. На милате то елиника... 25
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Застаната пред затворената порта, со патерицата сѐ уште под левата мишка, ги потокми трите прста од десната рака и, носејќи ги кон челото, ја крена главата упатувајќи го погледот кон небото по што се прекрсти.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Влегува Димитрија. Стар е. Сакат е. Оди со патерици.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Откоа се распознале старио со момчето, му рекол старио на момчето: - Јас те сакам, момче, за наместо син ти да ми бидиш, ама ако легниш ничкум за да те удрам со патерицава три пати што да можам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)