со (предл.) - предумисла (имн.)

Од лидери чијашто потсвест е непроодна, свеста празна.  Македонија е - схизма со предумисла.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
По оваа рутинска акција, во која дигресивно ги придодадов и доказите од претходните истражувања, ја вратив насоката на реорганизирањето, со предумисла да го убијам денот оставајќи зад себе трага на асоцијативност - дека е неколку минути пред 12.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа уметност, која одбива да се декларира како народна, е подложена на жестоки напади: се вели дека таа уметност (меѓу која и џезот, авангардата, постмодерната) е „културолошко труење со предумисла“, дека е „доволно смешна за да биде дел од паузата на народните приредби“ (повторно мислев на Луција), па се прогласува таа за производ на болшевизмот, односно комунизмот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)