со (предл.) - чун (имн.)

Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
До островот стигна со чунот, чија сина боја се лупеше.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пристанав со чунот на неговото место. Го врзав за колецот на брегот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од Мајка и од браќата, кога дојдовме по којзнае кој пат до манастирот Свети Наум за да си ги видиме куќата, градот, татковината, сакав да дознаам како заминавме со чунот, по кој пат пловевме, како втасавме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гури Порадеци беше пресреќен, на кормилото, што ја минавме границата и, според предвидувањата, навреме и безбедно стигнувавме со чунот кон нашата поинаква иднина, станувајќи, за толку кусо време, емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)