со (предл.) - шеќер (имн.)

И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Има проблеми со шеќерот, сестро донеси...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пак вака, за печење што ја има една сорта, благи како колачиња со шеќер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Пепел од биволски копита помешан со шеќер и вар, струготини со катран, чад од лути пиперки...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Готово, печено“, вели, го клава плехот врз шпоретот и го покрива со крпа малку да истине, потоа - знам - ќе го потури со шеќер во прав и ќе го сече на квадратчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама сѐ да изедеш, ништо да не вратиш дома.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пак ја отвора рерната.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ајде, налево круг! Ја истурив манџата на катот и си надробив попара со шеќер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали ги завртеле зетот и невестата спроти сонце, вели, и дали околу нив поминало сито со леб и со волна, со вино и со шеќер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа го утврди на следниот начин: ја исуши најотровната печурка пантерка, ја сомле и правот го измеша со шеќер и им го даде на неколку пчели да го јадат. Пчелите угинаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)