Меѓу нив има луѓе со висок патриотизам и со здраво разбирање на националните македонски интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На моменти нагласуваше дека инаетот, поточно неговите балкански семантички варијации тешко би можело рационално да се објаснат бидејќи тој произлегува од ирационална состојба на духот, тешко се поврзува со здравиот разум.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ме прашаа дали навистина мислам дека луѓето кои се залагаат за здрава народна уметност, со здрав народен дух се „опиноци и гајдаџии“. Реков дека да.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Да им помогнеме да се реализираат сексуално: да им отвориме јавна куќа со здрав народен дух!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Служењето војска за регрутот, особено ако е со здрав разум, каков што беше Едо Бранов, е мачна и понижувачка работа, принуден за целосно потчинување на нешто во што не гледаш никаква смисла.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Квичењето се доближува. Ни оној со здрави очи не може да види чија е таа гласна треска: сепак обајцата сакаат да веруваат дека негде наблизу се движи пес, кучка со набабрени боски чии кученца се затворени во вреќа и фрлени в мочуриште.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)