со (предл.) - мал (прид.)

Податливоста на кириличниот систем на писмо за промени, графичката едноставност и елеганција го прават мошне погодно за бележење на текст и негов пренос во време и простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие карактеристики и политиката спроведувана во СССР придонесоа кирилицата да стане официјално писмо за низа турскојазични народи, кои живееја на просторите на СССР, секако, со мали модификации. Маргина 37 103
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се брзам! – наоружан до заби, тупкаше со малите ножиња во место, како да подскокнува, и така одеднаш лесен во одот, одлета кон вратата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И угледни службеници на новата власт со многубројна челад, а кои со мали плати, тешко врзуваа крај со крај во деновите на сиромаштијата, покажуваа разбирање за козарите и нивните кози, го купува нивното евтино млеко, иако беа будно следени од властите и партијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На едно место сретнавме циганска населба, која сопатникот од Холандија ни ја покажа со мала насмевка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Мислиш дека си одговараат?“ - ја праша жена си со замислен тон, не очекувајќи одговор. „Ти што мислиш?” - му одговори таа со ист тон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо.  Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници.  „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски.  За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Раскошот на тркалцата од чад, сите тие метафори, додека блескаат крлуштите под камењата, или плутаат мртвите надуени риби затоа што се прејале со малите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Толе и другите го слушнаа неговиот пригушен глас — скоро шепот — „Али, Муто, ѓел, ѓел, чабук, ич бише јок (Алија, Муто, ајде, ајде бргу, ништо нема) Тие што беа поназад се исправија слободно и тргнаа со мало растојание, едниот понапред другиот поназад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Скопје во почетокот на 80-тите беше во голема мера провинциски град со мала сцена и голема академска авторитарност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мајката имаше на нозете пантофли од син сатен со мали копринени панделки врзани во буква на врвовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Директно, спроти пумпата, се наоѓаше „Потковица Авто Двор“, сопственост на Сам Сенд, со мали куќички што се граничеа со „Нахрани го стомакот“, сопственост на Бланш Рид, гостилница каде што сѐ уште се служат сендвичи со топол пржен стек, за само педесет центи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Единствената слабост што можев да ѝ ја припишам, и тоа со мала резерва, беше она нејзино чувство на навреденост од животот што и Даскалов мислам го спомна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Беше црн како млад гавран, со мала, тркалезна глава и со очи темни и невесели.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледаш колку е лесно? Големиот лесно управува со малиот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И оваа рака не беше родена по цел ден да куцка на тастатура, туку со мал знак да испраќа на губилиште или да дарува живот, и потоа лежерно да ја подава, за бацирака.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Селото Капештица го зазедоа Грците и нѐ напаѓаа со мали сили, додека со главните сили се втурнаа по џадето што води кон селото Смрдеш, кое се наоѓа од таа страна на границата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Жените со малите дечки и нив ги одделија, а тие жените, што беа во бело облечени, по секаде почнаа да нѐ прскаат со една бела прашина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А ако Македонија досега, со мали исклучоци, се развивала одделно од Бугарија и Србија, тогаш таа може да го прави тоа и во иднина, уште повеќе што пропагандите – бугарската и српската – ги употребуваат сите и дозволени и недозволени средства за да искоренат сѐ самобитно, сѐ чисто македонско во нашиот народен живот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тие два принципа одговара: 1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја. 155.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Замисли си, влегуваш во салата секогаш со мало задоцнување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сето тоа со малата приземна куќа даваше целосна амбиентална целина. Совршено место за одмор и медитација.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се протегнаа раце со мали земјани чаши.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ние имаме, во банкарски жаргон, „кредитна историја“, што значи земаш, па почнуваш да враќаш, прво уредно, па потоа со мало доцнење, па доцниш 90 дена и потоа добиваш нов, со кој го затвораш стариот и раат си.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сѐ било вода во која живеел еден вид животинки: полноглавци со мали нозе и со жабри.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случувало, неретко, капиџиците да бидат отворени помеѓу семејствата од различни религии, кога биле затворени надворешните порти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во паузата од половина час беше организиран коктел со мала закуска.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потоа кратко разговараше со шоферот на автомобилот кој пак беше многу вознемирен, многу брзаше и сакаше веднаш да им се оддолжи на дамите за немилиот настан со мала парична надокнада.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше момокот Васе, со мало писменце кое таа го грабна, се затвори во собата и најбрзо што можеше го отвори. За малку не го искина од возбуда.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше тоа гравура на една заоблена градба со правоаголни прозорци и со мала кула во преден план.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една средовечна жена можеби Еврејка седеше во чамецот со мало дете од околу три години во рацете.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вратата се отвори. Со мало движење офицерот покажа кон лицето череп. „Соба 101.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сиот тој ден, со мали напливи на возбуда, мислата му се враќаше на претчувството за стравотниот пораз во Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со мали, невешти букви тој напиша: 4 април, 1984. Се навали во столот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одеше по калдрмисана улица со мали двокатни куќи, со издадени врати кои излегуваа директно на тротоарот и кои на чуден начин потсетуваа на дупки на стаорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа беше ситна, со мали тврди бутови меѓу кои Ниротакис на моменти нагло го смируваше темпераментот, со бавни и нежни лизгања својата набрекнатост ја спушташе кон дното што го насетуваше во талогот вжештена слуз, потоа се враќаше назад, исто така бавно и нежно, додека Деница ја поткреваше половината, се поддаваше нагоре, а тој на таквиот знак на понуда за игра одговараше со изненадно менување на интензитетот на движењето, низ брз ритам што предизвикуваше силни крикови на обострана сласт и задоволство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бевме внатре, во неговата соба, а однадвор на прозорецот, видов како мачето гребе со малата шепа по прозорецот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Фала богу мојот трактор е од помалите, марка Тома Винковиќ, со мала, тесна приколка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Масичето, можеби пониско од нормалното и подизлупено, изгледаше тукуречи кокетно со малата ткаена крпа под ибричето со цвеќе, со Библијата, мојата машина за пишување и кошничката со испишани изводи од десната страна и рамчето со слика од Стефана, на левата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Контролорите, гледајќи ја забрзаната жена со мало дете во прегратката, помислија дека таа доцни на авионот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да бараа во веселиот израз на лицето на ќерката, одговор на прашањето - што е тоа што така одненадеж ја доведе во мајкиното огниште? Сама, без мажот, со малиот син.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со мало дете. Без маж. Без работа. Без пари...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Девојчето како да разбра што стана со него, го прегрна Трајка со малите рачички и почна да се гушка во него; небарем му велеше на татка си и мајка си оти од денеска си има нов родител, кој ќе ја штити и храни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И стварно, по недела дена седевме со мали Џонсон, а јас глумев дека имам малтене готово сценарио што гарантира вртоглав милионски профит.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Што се однесува до аутфитот, тоа се разни суштества со мали, средни и големи турбани, фесови у сите бои, ретко со некои кечиња, безбол капчиња, понекоја шајкача, наци баретки, хеклани капи Боб Марли, каубојски шешири, мексички капи големи ко сунцобрани, дамски шешири со воќна салата од страна...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ноќта и нам нѝ се криеше меѓу трендафили под прозорец Земјата ја пишуваме со мала буква И кубиња стоеја заклучени зад ридоите.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тогаш мајка ѝ нареди: оваа големата кукла ќе стои во стаклената витрина во креденецот, а со малата можеш да си играш.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Таа би дала и фустанот да ѝ го извалкаат, и да ѝ го искинат, и косата да ѝ ја растурат и кондурите нека ѝ ги земат, само да може да се замени со малата кукла, што се сви сега во топлата прегратка на Маја.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Процесот, со мали варијации, е предвидлив (во пакет со т.н. локални војни = убивање, силување, рушење храмови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ПОГЛЕД ОД ЧЕКАЛНИЦА
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ЧИН ТРЕТИ Во Арсовото лозје, Во позадината падина на Водно благо наклонета, начичкана со мали лозја, понекои оградени со ниски плотови.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Вечно полупразни перони во долго очекување на една трошка радост и сива карпа од страв пред пристигањето на едно умирање Рамни мермерни подови што го мазнат лавиринтот од изгубените стапалки пред едно вечно чекање што сака никогаш да не дојдат возовите со мала кратка радост штом можат да донесат едно крајно умирање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Обајцата уметници се обидоа да направат премин од минималисти во максималисти, што на Бојс му појде од рака, но со мал или сомнителен успех.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да мрдневте со мажот ти со малото прсте ќе добиев пет месеци, наместо пет години. Нејсе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А јас не мрдам со малиот прст. Ми се кине срцето.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Со малиот Патрик некако не успеав да воспоставам добра комуникација.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Веќе се стемнуваше и во собата беше полутемно зашто, заигран со малите автомобили, заборавив да ја запалам сијалицата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ах, дојде, од кога те чекаме! - извика џуџето со тенко гласче како да пее, плесна со малите раце и брцна во џебот што му беше пришиен на средината од палтото и му ги покриваше целите гради, стомакот и нозете до колена.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На вратата се покажа женче во години, со мало, тркалезнообразно лице, кус врат, облечено во црно, со коса на патец, малку разбушавена и прошарана со бели влакна, во џувка собрана на вратот. Ништо не му рече на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Која ти е жената, ќе ме подбидуваат, вели, а јас ќе им речам: една вдовица со мало дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во мислите е негде далеку, далеку, зад илјада години, со малата несреќна Јаглика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие копилиња со мали деца ќе се прават Џекови, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но немав избор, па се помирив и ги послушав, тајно решавајќи страшните приказни да ги одложам до Маврово, за некое време кога насамо ќе останам со Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)