XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поетот пееше: Малку небо ми е доволно за да патувам за да го стигнам мајкиниот сон, небото го носам на плеќи а мојата земја е ваша и дали една книга ќе ми го исполни слободното време во тоа безвреме...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Привлекува внимание тоа што анализите на Тагоре за безличната, „апстрактна“ природа на колонијалната моќ не се одраз само на стекнатото искуство од другите колонизирани народи, туку тие исто така укажуваат на она што сѐ повеќе и повеќе станува генерално искуство за сите нас во државите со модерни нации.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сега на родната земја ѝ пристапував од новото гранично место близу Манастирот, со модерни гранични згради, извишени од двете соседни земји, со надежите за зближување што најпосле ги донесуваше новото време.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)