Така во следната слика го наоѓаме Константин З. како плива по новиот базен на штипската бања Кежовица, борејќи се со обновеното чувство на покајување што дошол во оваа паланка и во оваа бања, обидувајќи се да го избегне подгледнувањето кон дното на новиот базен, на кое се наоѓаат големи правоаголни мермерни плочи издлабени со стотици аглести знаци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Поработуваа и одеа дома да однесат парче леб и да се преслечат, а потоа, со обновени визи за три или за шест месеци, пак доаѓаа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)