Таа дури успеа и да ја пецне Пег, својата пријателка критичарка, во врска со „темните навестувања“ во брошурата (едновремено ласкајќи со Френковата споредба со прочуениот, покоен професор Трилинг) и Пег весело одговори: „Порекнувај го тоа колку што сакаш, Џоен; Фрост го правеше истото, но критичарите беа во право: ‘Застанувајќи крај шумата во едно снежно попладне’ е песна за смртта.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Помеѓу неговите краци, помеѓу Горник и Зедница, среде столетни дабови и ореови дрвја, со прочуени бунари за питка вода, се тетоши Загориче, или уште како што ја викаат малечката и населена заветрина - Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На Горник, горе на Рамни, се најдува главата на селските чешми, црквата и селските гробишта, додека Зедница - тоа е мал и сув рид кој некогаш морал да се вика Изедница или Заедница, но испраѓањето на и-то или а-то што е тенденција во пелагодниските говори за скусување на зборот, го добил името Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)