со (предл.) - срмен (прид.)

Чекаше. Секоја саботна вечер, таа го отвораше невестинскиот ковчег, ги вадеше, ги ветреење и редеше невестинските шејови: првин својата невестинска руба, сета со чипки и тантели, белата невестинска шапка венче со прозрачен долг вел, белите чевличиња со срмени копчиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вратата се отвори и во одајата влезе забулена жена во чинтијани од сино кадифе, со срмен елек врз копринената блуза.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Севкупно Откритие, цели Тркалезно, неделиво, бело Зрачно и прозрачно, загадочно Запловено, заскитано Со срмен вез укитено.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Извади прво ново кошулче од конец, мора „копитата" кошула, саѓија со срмени кистови, појас, алова фута, чорапи, калци и гуна со чоа. Од шамии најдоа десетина гушалчиња, тулбени, ќилими ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)