Наедаш од зад густиот облак се појави полна месечина, подувна ветер и небото се наполни со јадри ѕвезди какви досега никаде не сум видел.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Цара беше убава девојка, стројна, со јадра става, со складно тело, со раскошни бедра, со здраво, свежо лице, пламнато како тутенка. Погледот ѝ беше опчинувачки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Еднобоен или шарен во кожата, со јадри продорни очи.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога се разбуди, го чу езерото како рика и како бие со брановите на ѕидот; стрчна на прозорецот, но тој од силните удари на брановите по ѕидот, се заниша како при силна експлозија, пукна, се здроби и ветерот му влета в лице на Бандо опсипувајќи го со јадри капки дожд.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)