сосе (предл.) - сите (зам.)

Слетавме во темна, густа, длабока и миризлива, топла и леплива ноќ, индиска ноќ, крај океанот, во Гоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Би ја дал целата торба сосе сите пљачки за една стомна изворска вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И замислете, не мина ни четврт саат, а колоната, сосе сите мравкишта, се префрли на бомбоните.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Карикатуристот на Сандеј стар обзервер дејствувал во видокруговите на еден комплексен геј- општествен свет чија сложено развиена културна инфраструктура – сосе сите мрежи од пријатели и љубовници, а и со популарни и богато снабдени видеотеки во геј- маалата – изгледа дејствувала активно, па дури и работела прекувремено.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сместивме удобно врз неговиот летачки килим и брзо ги надлетавме планината Бистра сосе сите нејзини потоци и шуми, сосе Мавровското Езеро и сите села и викендички околу него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)