Тој ми мавна со раката и не чув дали ми одговори нешто, но јас знаев, иако не можев да видам, дека се насмеа широко, со онаа негова насмевка од која му се смее целото лице, сосе очите, образите, забите и клепките.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Напати, баш како и сега, од Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се фрла директен поглед на Параходот ми пристигна, сосе очите расплачени и устето насмеано, и баш тогаш повеќето цвеќиња молкум земаат починка до новото распупување коешто мигум ќе втаса, со секое вселување на нови спомени во старите куќи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)