според (предл.) - сите (зам.)

Првите два сончеви зраци паѓале точно над македонските полиња, каде што според сите природни погодности и прилики морало да се добијат највисоките приноси.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Големо изненадување за нив преставувал заклучокот на Еванс дека “еден слободен и фер плебисцит би бил според сите верувања на штета на Грција“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Доколку дрогата на ова подрачје се декриминализира, профитот, според сите предвидувања, ќе се намали и до десет пати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Конечно Татко, испратен од здржаните солзи на татко му и обилните солзи на мајка му во пролетта 1919 година заминува, според сите претпоставки, најпрвин во Солун, а потоа со брод кон Измир, каде што го пречекале наши роднини.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нови тапети, според сите картографски пресметки - небесни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)