според (предл.) - чиј (зам.)

За нив сите знаеја, и христијаните и Турците, дека носат оружје со себе, дека се во дослух со горските самовили и духови и, воопшто, со дивината според чии недофатливи закони честопати и се однесуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Исто така, му остави впечаток и потенцирањето на сознанијата на австрискиот психоаналитичар А. Адлеров, според чија доминантна теза улогата на семејството е толку голема што го одредува однесувањето на индивидуата во текот на целиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оттогаш оваа игра во различни облици, архаични и стилизирани, не престанува во исламскиот свет, според чија симболика дервиште ја прегрнуваат бесконечноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Ете, тука пишува лека се објавени декрети18 според чија сила тебе, Пандо, како симпатизер на ДАГ, а мене и тебе, Кирчо, како учесници ни се одземаат имотите и грчкото државјанство...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)