според (предл.) - кој (имн.)

Ваквото сфаќање на духот и телото придонесува да се изгради теорија според која човекот е „двојно“ суштество, односно суштество кое се состои од „материја“ и „душа“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира, веќе не во смисла на некој естетски идеал кон кој се стреми, туку во смисла на потрага по продукција на значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, и со бегол поглед може да се дојде до заклучок дека домашната „популарна ликовна уметност“ нема допирни точки со некои светски текови на популарноста, и тоа не само затоа што очевидно не произлегува од една развиена пазарна логика (според која навистина постои законот на понуда и побарувачка, а не само побарувачка), туку и затоа што не ги развива своите комуникациски обрасци (што сепак се случува во турбо-фолкот) и заостанува во непроменливоста на малограѓанскиот вкус (за секогаш детерминираните критериуми на „вредност“) и во парохијалниот аутизам (инцестуозна некомуникативност). Маргина 37 171
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Декарт,“Јас“ како дух или душа, односно мислечката супстанција од една страна и мозокот како протеæна супстанција од друга, ќе ги смета за сосема различни ентитети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Крајната консеквенца на Картезијанството е метафората за духот како „внатрешен театар“ во кој се „одигруваат“ менталните настани, односно „дух во машина“, при што „машина“ е телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Простото поседување на мозокот, за Декарт не значи основа за постоење на духот, што произлегува од, како што вели авторката Маргарет Вилсон,“ екстремната верзија на дуализам што ја застапува Декарт, а според која одредени повисоки ментални операции -“чистото познание“- се потполно независни од мозокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овде Кравар најпосле зазема позиција внатре во сосема рецентните политички спорови и ѝ се спротивставува на раширената теза за “национално помирување”, според која сонцето конечно ќе ни светне дури откако бившите усташи и комунисти меѓусебно ќе си пружат рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На овој идеологем на денешната хрватска политичка елита, како што со право ја карактеризира наведената теза, Кравар му ја спротивставува идејата на Владо Готовац, според која хрватската левица и десница мораат конечно “да клекнат пред хрватскиот народ и да молат простување”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Врз таа изјава може да се изгради тезата според која Граси е всушност Нет-уметник бидејќи користи една форма типична за Интернет, колективната креативност, како што заклучи теоретичарот Фрањо Рихтман: „Дигиталниот домен нуди нелинеарна околина... која го охрабрува развојот на колективната форма на работа, кадешто детериторијализацијата на традиционалната творечка структура овозможува разнородност и нестабилност и нуди можност за продуктивна различност”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние во Европа и во Северна Америка сме колонизатори, и за да ја сочуваме онаа запрепастувачка слика што ја негуваме за себе, а според која ние сме дар божји за најголем дел од прегладнетото човештво, приморани сме сопственото насилство да го восприемаме како да е насочено против самите нас и против нашите деца и овој процес да го објаснуваме со помош на беседи за моралноста.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога денес се пишува за единката и семејството, најчесто се наидува на претпоставката според која постои прилично среќен спој, да не речам претходно воспоставена ускладеност, меѓу вроденото и стекнатото.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Апологет на една крајно вулгарна но и најомасовена перцепција на реалноста така типична за необразованите и медиокритетски маси, пред сѐ за селаните, работниците и ситната буржоазија според која материјата и нејзините модалитети како и интеракции се единствената евидентност на постоењето и единствен фактор на личната и колективната засегнатост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Теоријата според која рокенролот го сруши комунизмот, и покрај многубројните недостатоци е многу симпатична и има голема вистинитост; таа се одрази во мојот прв Хитлер (200x200 см. поликолор на пакпапир, Margina #26-28 [1995] | okno.mk 25 новинска хартија и масло) на чија позадина пишуваше “Crazy for Love”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Жестока, афективна - или двете истовремено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е доказ дека на Божјата заповед, според која мажите мораат да бидат обрезувани, намера ѝ била да го сузбие оној вишок во жената, имено претера­ното телесно уживање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, со него беше укината одредбата од стариот закон според која правото на штрајк на воените лица и цивилните лица на служба во АРМ се ограничува на најмногу еднаш во текот на годината (чл. 16 и 251, ЗСАРМ/02).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Третата промена, пак, е додавањето на одредба во ЗСС (2014) според која судските службеници, исто како и административните службеници, за време на штрајк имаат право на плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец (чл. 77, ЗСС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Втората промена се состои во тоа што ЗСС (2014), за разлика од ЗСС (2008), не содржи одредба според која непочитувањето на одредбите што се однесуваат на работата во услови на штрајк претставува потешка дисциплинска повреда (чл. 52, ЗСС/08).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ова е прилично спекулативна теорија според која во самата природа на конфликтите меѓу цивилизациите е содржана нивната неразрешливост.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Логиката, според која лекарите читаат во лекарските читални за потоа да бидат преслушувани од пациентите, ме лишуваше од секаква желба за анализирање.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вработените имаа неврзана обврска да го оправдаат раководството, според која, да не било истото, Факултетот ќе паднел.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
За мене тоа беше своевидна парафраза на Монтењовата дефиниција на пријателството според која секој си останува со своето, свој во пријателството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа впрочем убаво укажуваше на смислата на постоењето на дипломатијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На осамените срца госпоѓа Мариела им предочи шема (на таблата со креда испишуваше букви во квадрати и стрелки, а слушателите на нејзиното предавање тоа внимателно го внесуваа во своите компјутери) според која: ако лицето А е иницијатор за следење на лицето Б, а лицето В ја одобрува постапката за чии резултати треба да донесе одлука лицето Г врз основа на анализа под раководство на лицето Д, постои можноста за целни субјекти, покрај лицето Б, во истата постапка да бидат и лицата Ѓ, Е, Ж и З, блиски, условно земено, на лицето А по роднинаска, љубовна, деловна, клановска итн. линија, но со самиот факт дека не може да се апстрахира ниту една друга релација меѓу сите субјекти од А до З, не е исклучена можноста резултатот на анализата да покаже цел регистар на варијанти, со крајна консеквенца - обратен процес, со што целата постапка се релативизира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа следеше изјава на Зоран Илиевски – Зоц, Зоче, Зоро и така натаму, кој ломотеше три и пол минути за да ја постигне поентата според која Александар уште од неговото доаѓање во секретаријатот бил чуден, со никој не се дружел и често мирисал на ракија.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Претходно, во 1985 година, беше предви- дена помалку експлицитна одредба (која е преземена во Законот за работни односи од 1993 година) според која работникот, за заштита на своите права, може да се обрати до инспекторатот за труд, кој е должен да постапи по барањето и да го извести работникот за утврдената состојба, со поука како да ја оствари заштитата на своето право (чл. 23, ЗИТ/85 и чл. 140, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова тврдење ѝ задава жесток удар на класичната дихотомија според која сите тврдења се или вистинити или лажни, затоа што ако за момент помислите дека тврдењето на Епименид е вистинито, веќе следниот момент сте принудени да се вратите еден чекор наназад и да помислите дека е лажно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кибернетичарот Стафорд Бер има една голема изрека според која живеам со години: немој да се обидуваш да го одредиш системот во сите негови детали.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Така, за неа, бекташката одредба според која Бог е таму каде што повикува добрината, прерасна во верување дека Севишниот ѝ го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Во книгата што ми ја испративте за Историјата на животните се цитира една персиска поговорка според која доволни се два дена за да се дознае с за еден човек, но потребни се многу повеќе да се дознае за едно животно!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со цел да го зголемат револтот против атентаторите, властите прошириле вест според која, наводно, гемиџиите планирале да го дигнат во воздух целиот европски кварт, но, за среќа, тоа не се случило, бидејќи не експлодирал целиот динамит ставен во тунелот180.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)