според (предл.) - начин (имн.)

Актуалностите подразбираат веќе конституирани индивидуи, и одредувања според начинот на вообичаените точки, додека односот помеѓу актуалното и виртуалното ја обликува индивидуацијата на дело, односно сингуларизацијата на точките за коишто е значајно дека мора да се одреди во секој од случаите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие претставуваат и посебна новина според начинот на производство и според целата своја постановка: тие се попространи и повисоки, а тоа овозможува да се одржи подобар воздушен режим.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во време кога има толку многу за читање, го губиме нашиот вообичаен поглед развивајќи нова вештина - можеме да ја одмериме содржината на напишан текст според начинот на кој го чувствуваме кога го допираме, според неговата тежина или изглед. (...) Можеби се враќаме назад кон старите системи на комуникација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Паметен начин да се спречи фрустрацијата на сиромаштијата и оние кои што барем според начинот на живот се трудеа да се однесуваат како средна класа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Што правиш тоа?“, ме праша, очигледно изненадена од таа игра, од таа неочекувана и за неа непозната нежност после гризењето по целото тело; „Го барам папокот на вселената“, реков; и кога продолжив со таа игра со папокот, таа се смири; престана да ме удира, рацете ѝ тргнаа кон моето лице, ме повлече кон своето лице, кон устата, и веќе следниот миг, според начинот на којшто ме прими и се отвори јас знаев (тоа движење ми беше сосема непознато, како на маж кој не преспал со жена): тоа не беше онаа Луција што доскокна од вратилото во мојата прегратка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас уште истата вечер кога Земанек преспал со новата кадровичка во партијата, знаев: го знаев тоа според начинот на кој влезе, ги собу чевлите, според начинот на којшто ме прегрна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
2. Останати промени 131 Со изменувањето и дополнувањето на овој закон од 2012 година во областа на трудот се воведе нова евиденција на корисници на јавни средства од Агенцијата за вработување на РМ, а дополнително се промени начинот на евидентирање на невработените лица кои се евидентираат според начинот на барање работа, при што сега се врши селектирање на оние невработени лица кои активно бараат работа и се регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ, а во засебна евиденција се евидентираат пасивните баратели на работа (чл. 1 од ЗИДЗЕОТ/12).132 Исто така, кај овие новововедени евиденции беа утврдени и видовите податоци кои тие задолжително треба да ги содржат (чл. 3 и 4 од ЗИДЗЕОТ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Инаку, тој товар, барем според начинот на кој го носи, потсетува на некој вид непознато оружје.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знам, ако случајно го прашам, зошто на тој начин го обесил ранецот, сигурно ќе одговори дека тешкотиите што ги совладуваме во животот создаваат најтрајни навики.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеби она што го имаме е, всушност, склоп од поврзани културни вредности, внатрешно сврзани според начинот на кој изгледа дека меѓусебно се зајакнуваат и според заедничката антисоцијална визија што ги информира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па, уште велат дека според начинот на карањето се познаваат луѓето што се сакаат, но јас тоа не можам да го разберам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Според хаосот и редот на масичките, според начинот на кој беа средени или растурени, по таа чудесна геометрија на редот или хаосот, можеше да се прочита геометријата на изминатиот живот, нешто што, оние кои лежеа покрај масичките, и кои го имаа проживеано тој живот со чудесна геометрија, не можеа или не знаеја да го кажат со зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На масичката на Клара стоеше цртеж за кој не би можело да се претпостави дека го направил брат ѝ - една жена, свртена со грбот, застаната крај некаков раб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и природата, и ние треба да постапима според начинот на сеприфаќање и неразликување (anything goes): наше е само да наслушнуваме, да го мобилизираме вниманието, да го отвориме својот дух и да го прошириме во светот колку што е можно повеќе. okno.mk | Margina #10 [1995] 35
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Далеку од тоа дека неговата поетска постапка можеме да ја протолкуваме како “делување според начинот на природата” бидејќи во случајното распоредување на распарчените јазични сегменти остануваме лишени од оној трансцендирачки елемент на говорот, неговата смисла.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Впрочем, ед­наш, кога испече јагула во тава, според начинот како што ја подготвуваше нејзината свекрва, а ни ја донесе рибарот од соседството, забележа дека Татко не сакаше да ја вкуси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)